Алармот е вклучен: Наполи се закани дека нема да го пушти Елмас за дуелот со Грузија!

Неколку ремномирани италијански медиуми, меѓу кои и „Кориера дело Спорт“, пишуваат дека челниците на Јувентус и Наполи се подготвуваат да направат бојкот со тоа што нема да ги пуштат фудбалерите кои ќе имаат репрезентативни обрски по завршување на викендов.

Доколку се случи такво нешто, тоа ќе значи дека Македонија нема да го има Елиф Елмас во своите редови за најважниот меч во досегашната фудбалска историја, дуелот против Грузија во Тбилиси. Спорт Манија уште пред три дена најави вакво можно сценарио.

Италијанските медиуми пишуваат дека газдите на Јувентус и Наполи, Андреа Ањели и Аурелио де Ларуентис се договориле да го следат примерот на германскиот бундеслигаш Вердер Бремен, кој не дозволи петмина репрезентативци од своите редови да заминат на репрезентативни обврски во претходниот циклус.

И Наполи и Јувентус даваат голем број репрезентативци, а за нас најголем проблем ќе биде ако Наполи одлучи да не пушти ниту еден играч и на тој начин да не му биде дозволено на Елмас да игра во најважниот меч за пласан на ЕП!

 

- Оглас -

Најнови вести