Манчестер јунајтед по првото полувреме е во резулатска контрола од 2-1 на гостувањето кај Евертон, а покрај ефикасноста на двете екипи дербито засега го одбележа и еден дуел меѓу дефанзивецот Мајкл Кин и Ентони Марсијал.
Во воздушен дуел, Кин го натскока противникот, меѓутоа се загради неспортски и го удри Марсијал со раката директно во лицето. Ако тоа не беше доволно, пред да се приземји, Кин на истото место го удри Французинот со ногата, но за среќа напаѓачот на Ѓаволите помина без повреда.