Адеми поради повреда не играше против Истра, ќе биде ли подготвен за Грузија!?

Аријан Адеми денеска не беше во составот на Динамо Загреб и може да биде загрижувачки за Македонија пред дуелот против Грузија. Капитенот на Динамо се пожалил на затегнување во квадрицепсот, па беше изоставен од составот за дуелот против Истра. Хрватскиот шампион и без Адеми во тимот без проблеми убедливо славеше со 5:0.

Засега не се знае колку е сериозна повредата и дали Адеми ќе може да се опорави во следните неколку дена за најважниот меч во досегашната фудбалска историја на Македонија.

Победа над Грузија ќе значи пласман на Македонија на Европското првенство!

 

 

- Оглас -

Најнови вести