Репрезентацијата на Македонија пристигна во Грузија (фото)

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Тбилиси, каде што ќе се бори за историскиот пласман на Европското првенство против домаќинот на финалниот меч, Грузија.

Фудбалерите заедно со стручниот штаб предводен од Игор Ангеловски се упатија кон хотелот, а подоцна во 16 часот е предвиден и тренинг.

Како што може да се забележи, Аријан Адеми е со националниот состав, дополнително ќе се одлучува дали има сили за настап, додека Македонија остана без еден од клучните играчи за врска, Енис Барди, кој поради повреда се врати во Валенсија.

Крсте Велковски и Кире Ристевски исто така недостасуваат, поради што добија позитивни тестови за ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести