Да не биде само Македонија, и грузискиот национален состав се соочува со проблеми со корона-вирусот. Позитивни на ковид-19 се Квича Кварацкелија и Ловен Шенгелија, што значи дека селекторот Владимир Вајс нема да смета на нив за дуелот против Македонија.
Кварацкелија беше стрелецот на погодокот во ремито од 1-1 во последниот меѓусебен дуел на Македонија и Грузија кој се одигра во Скопје, во рамките од овосезонското издание на Лигата на нациите.
За потсетување, поради позитивни тестови на корона-вирус, Крсте Велковски и Кире Ристевски не допатуваа со нашата селекција во Тбилиси, која пристигна пред помалку од еден час во главниот град на Грузија.