Македонија ја очекува ждрепката за Светското првенство во Катар што ќе се оддржи на 7 декември во Нион, а со интересна симулација одредени се групите во квалификациите за Мундијалот што ќе се игра за две години.
Шемата е направена на интересен начин, ја направи „We Global Football“, а Македонија би играла во Ј групата со Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар.
Based on where things stand right now, here's a simulated draw for UEFA World Cup Qualifying. pic.twitter.com/BMN1YX13HJ
— We Global Football (@We_Global) November 15, 2020
Против Холанѓаните ќе играме на Европското првенство идната година, на нивен терен во Амстердам во последниот меч од нашата група, што ќе биде и последен во фазата по групи во историската авантура на Македонија на ЕП.
Холанѓаните се атрактивна селекција и дуел со нив во Скопје во квалификации за Мундијал би бил вистински спектакл.
Велс е исто така атрактивна селекција предводена од Герет Бејл, но не е и непобедлива. Унгарците рапидно напредуваат, но и со нив можеме да се натпреваруваме, а би биле фаворити против Казахстан и Гибралтар.
Сепак, ова е само интересна симулација, се чека среда и завршување на фазата по групи во вториот циклус на Лигата на нациите за да биде познат конечниот изглед на сите шешири при ждрепката на 7 декември во Нион.