Младата македонската фудбалска репрезентација со победа над Црна Гора (2:1) ги заврши квалификациите за пласман на ЕП и сигурно завршува на второто место во групата. За жал, одлуката на УЕФА во сред квалификации да се скрати бројот на учесници на завршницата направи Македонија иако второпласирана, да не обезбеди место на финалниот турнир.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од одиграното во овој квалификациски циклус.
„Момците покажаа и докажаа дека немаат само потенцијал и квалитет туку и еден фактор плус. За жал, штета за нив како генерација што останаа барем без плејоф за учество на ЕП. Голема штета, но треба да бидеме горди на тоа што момците го покажаа во овој циклус. Не е мала работа да освоиш 18 бода во една ваква група со такви противници, посебно што ние дојдовме од 4 шешир. Го имаме и најдобриот напад во групата, што е доволен показател за квалитетот кои го поседуваат овие момци. Ние базата ја направивме пред три години, сега ја надополнување таа база која дава резултати и на сениорско ниво“, рече Милевски по денешната победа против Црна Гора.