Престижен триумф за надежите на Милевски за второ место во групата

Фудбалскиот национален состав на Македонија до 21 година со престижната победа од 2-1 над Црна Гора го заврши квалификацискиот циклус за ЕП 2021 за млади репрезентации.

Комбинираната екипа на Боби Милевски го одбрани домашниот терен „Петар Милошевски“, остварувајќи двојна победа на црногорската селекција, додека пак ноемврискиот циклус Македонија го заврши со освоени четири бода заедно со ремито од 1-1 против Израел.

Нашите надежи рано ја отворија средбата, одлична акција во 13-тата минута заврши со реализација на Ѓорѓиевски. За двојна предност од 2-0 погоди Миовски од белата точка во 77-мата минута, гостите израмнија во финишот преку Крстовиќ.

Со вкупно 18 поени од пет победи, три ремија и два порази, младата репрезентација на Милевски заврши на второто место во групата 6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести