Влатко Стојановски доби предност пред Несторовски – Македонија оди на победа против Ерменија (СОСТАВИ)

Стрелецот на победничкиот гол против Естонија, Влатко Стојановски, ќе го предводи нападот на Македонија против Ерменија вечерва од 18 часот во Никозија, во клучниот меч за првото место во нашата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

Стандардниот шпиц Илија Несторовски ќе биде резерва, а во комбинираниот прв состав по многуте проблеми со повредени и отсутни наши репрезентативци, шанса да бидат во почетниот состав добија и Тотре, Зајков и Костадинов.

Македонија: Шишковски – Велковски, Муслиу, Зајков – Ристовски, Тотре, Костадинов, Бејтуали – Трајковски – Тричковски, Стојановски.

Ерменија: Јурченко – Хамбарѕумјан, Харојан, Восканијан, Хофханисјан – А. Григорјан, Удо – Барсегјан, Корјан, Хакобјан – Карапетјан.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести