Првиот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, и понатаму е позитивен на корона-вирус, а откриено е и како се зарази. Популарниот Фараон по вторпат доби позитивен тест на ковид-19.
Салах отпатува во родниот Египет за да игра за националниот тим, но сега на него не може да сметаат ни клубот, ни репрезентацијата, а сето тоа поради свадбата на брат му. На веселбата имало дури 900 гости, а се појави и снимка на која Салах танцува и не го интересира ништо што се случува околу него.
Откако се објави снимката, имаше многу критики на сметка на Салах, кој се фотографирал, се гушкал и се бакнувал со многу луѓе. Еве мал инсерт од атмосферата на свадбата:
Football Star of Egypt and Liverpool Mo Salah celebrates the wedding of his brother, Nasr.#EgyptToday #Egypt @MoSalah #MoSalah #Liverpool @mosalah #Mohamedsalah @LFCTransferRoom @empireofthekop | #محمد_صلاح pic.twitter.com/GIMliRMDnq
— Egypt Today Magazine (@EgyptTodayMag) November 11, 2020