Мидо без влакно на јазикот: Во Египет се плашат да му кажат на Салах дека погрешил

Мохамед Салах има и втор позитивен тест на ковид-19, а легендата на египетскиот фудбал, Ахмед Хосам, или познат како Мидо, вели дека раководството на Египетската фудбалска федерација има страв од најголемата фудбалска ѕвезда на земјата во моментов.

„Требаше да му кажат дека погреши што присуствуваше на свадбата на брат му. Салах е божество во Египет, но сега погреши. Дојде да игра за репрезентацијата, не за да присуствува на вакви церемонии. Искрено никој не може да ви забрани да присуствувате на свадба на својот брат, но во услови на пандемија со ковид-19 тоа е опасно. Особено ако сте голема фудбалска ѕвезда.

На фотографиите се гледа дека Салах не ги почитува мерките за безбедност и ризикот беше голем за да се зарази со корона-вирус на свадба со 800-900 гости. Од Фудбалската федерација на Египет никој не собра храброст да му каже дека греши. Се надевам дека брзо ќе се врати на терен и дека повторно ќе го гледаме вистинскиот Салах“, изјави Мидо.

Салах сè уште не реагирал на изјавата на Мидо, а Египет и без најдобриот играч успеа да го победи Того во квалификациите за настап на Африканскиот куп на нациите.

- Оглас -

Најнови вести