Рација во домот и болницата на хирургот кој го оперираше Марадона

Обвинителството во Аргентина покрена истрага против неврохирургот Леополдо Луке, кој ја вршеше операцијата на Диего Марадона на почетокот од ноември.

Полицијата  во Буенос Аирес со налог направи рација во домот и приватната болница на Луке, поточно по 30 полициски службеници во исто време влетале на двете локации.

Причината е тоа што обвинителството сака да создаде слика како се одвивале последните денови на починатата фудбалска икона со цел да се најде причината за неговата смрт, но и тоа колку пати лекарите доаѓале во посета да проверат како се одвива рехабилитацијата на Марадона.

Инаку, според аутопсијата беше утврдено дека срцето на Марадона престанало да работи додека тој спиел во неговиот дом, каде што беше сместен на домашно лекување две недели по операцијата.

Околу можна истрага претходно потенцираше и адвокатот на Марадона, Матијас Морла, но тој повеќе го напаѓа интервентниот медицински тим кој доцнел по повикот на денот кога Марадона почина.

- Оглас -

Најнови вести