Се бара виновник: Ќе има истрага околу смртта на Марадона?

Диего Марадона почина во својата резиденција во Буенос Аирес, а како што е утврдено, причината за смртта е срцев удар.

Според извештајот од аутопцијата, обидот за реанимација бил неуспешен, Диего почина во сон на 60-годишна возраст во својот дом, каде што беше на домашно лекување две недели по операцијата на главата.

Шест амбулантни возила пристигнале во домот на Марадона, но според неговиот адвокат, Матијас Морла, тие доцнеле повеќе од половина час, по што бара одговорност.

Морла вели дека ќе поднесе барање за истрага поради доцнењето, со остри обвинувања дека се работи за криминален идиотизам.

- Оглас -

Најнови вести