Унгарците се разочарани бидејќи нема да го видат Лионел Меси утре на „Групама аренаta“ во Будимпешта. Главната ѕвезда на Барселона доби поштеда од тренерот Роналд Куман и нема да настапи против Ференцварош во меч од петтото коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Барселона веќе има обезбедено пласман во нокаут-фазата, иако до крајот има уште две кола во фазата по групи, па покрај Меси, одмор добија и Кутињо и Тер Штеген.
Ференцварош има амбиции да изненади и да се обиде да го освои третото место што носи настап во Лигата на Европа, а на рака на Унгарците им оди и ситуацијата со повредените играчи на Барселона.
Утревечер за гостите нема да играат и Пике, Фати, Роберто, Умтити и Буксетс, што со отсуството на Меси, Тер Штеген и Кутињо е голем хендикеп за Барселона, што ќе се обиде да го искористи Ференцварош.
Барселона на две кола до крајот на натпреварите во групата Г е прва со 12 бода, пред Јувентус со 9 и Ференцварош и Динамо Киев со по еден бод.