Скапо го плати дивеењето – Виртус му врачи отказ на Ѓорѓевиќ

Виртус Болоња го разреши Александар Ѓорѓевиќ од тренерската позиција по неочекуваната епизода на недолично однесување во вчерашниот пораз од Динамо Сасари.

Некогашниот славен српски кошаркар не го дочека ниту крајот на првата четвртина, кога при една судиска одлука буквално се исклучи и почна да урла врз судиите влетувајќи на теренот. Судијата веднаш го отстрани давајќи му две технички, па така на неславен начин Ѓорѓевиќ ја заврши едно и полгодишната авантура во Виртус.

Со Ѓорѓевиќ на клупата, Виртус ланската сезона беше лидер во италијанското првенство која се прекина поради пандемијата со корона-вирусот, додека оваа сезона екипата има перфектен учинок по седум кола во групната фаза во Еврокупот, воедно е меѓу фаворитите за освојување на меѓународното натпреварување.

Ѓорѓевиќ го остава тимот од Болоња на четвртото место со скор 5-4, односно 10 бода по девет натпревари во Првата лига на Италија.

- Оглас -

Најнови вести