Му пукна филмот: Ѓорѓевиќ збесна и влета на теренот, судијата веднаш го исклучи (Видео)

Александар Ѓорѓевиќ не го дочека крајот ниту на првата четвртина од мечот меѓу неговиот Виртус Болоња и Динамо Сасари. Некогашниот кошаркарски ас збесна откако судиите не реагираа по една ситуација во која популарниот Сале очекуваше одлука во корист на неговиот тим.

Откако судиите не реагираа, Ѓорѓевиќ втрча на теренот и влезе во вербален дуел со судијата. Арбитерот сакајќи да покаже дека тој е главен на теренот, за многу кратко време му додели две технички грешки на Ѓорѓевиќ, што значеше и автоматско исклучување.

 

- Оглас -

Најнови вести