Иако дербито меѓу Барселона и Јувентус, кое го добија Бјанконерите со 3-0, се одигра пред две вечери, рекордот на Џанлуиџи Буфон не остана незабележан.
Ветеранот меѓу диреците успеа да одолее на нападите на Каталонците среде „Камп ноу“ и запиша статистика во која е единствен. Имено, Буфон има сочувано празна мрежа во четири различни децении во Лигата на шампионите.
Со оглед на тоа дека има 42 години, Буфон бранеше во 90-тите години од минатиот век, на почетокот од овој милениум, минатата деценија и сега со победата над Барселона запиша настап со празна мрежа на почетокот од третата деценија од 21 век.
Gianluigi Buffon is the first goalkeeper to keep a Champions League clean sheet in four different decades (1990s, 2000s, 2010s, 2020s).
— Richard Jolly (@RichJolly) December 9, 2020