Арсенал победи и му даде задача на Манчестер сити дека треба да освои три бода

Арсенал без многу проблеми на домашен терен со 3:0 го победи Борнмут во меч од 36 коло на Премиер лигата. Со овој триумф, Топчиите стигнаа до 83 бодови, четири повеќе од Манчестер сити кој има и два меча помалку. Сити вечерва на свој терен е голем фаворит за победа против Вулверхемптон.

Арсенал го скрши отпорот на гостинот дури по 16 упатени удари во првото полувреме кон голот на Борнмут. Тоа се случи во 45 минута кога Букајо Сака погоди од пенал за водство од 1:0.

Сите дилеми околку победникот беа решени во 70 минута кога по фантастична асистенција на Рајс, погоди Тросар за 2:0. Во последните моменти од дуелот, добрата игра Рајс ја зачини и со погодок за 3:0 со што потврди дека Топчиите до последното коло ќе се борат за титулата заедно со Сити.

- Оглас -

Најнови вести