Ламело Бол е талентираниот кошаркар кој беше избран како трет пик на последниот НБА-драфт. Иако уште нема заиграно во НБА-лигата, фактот дека потпиша милионски договор со тимот на Шарлот хорнетс му е доволен на Бол да почне да се расфрла со парите. Реши да си стави забни навлаки со дијаманти кои вредат 500.000 долари.
View this post on Instagram
Кошаркарот кој има 203 сантиметри, а игра како плејмејкер се очекува да биде еден од најинтригантните во НБА, но многумина му предвидуваат и одлична кариера поради неговата експлозивност и одличен преглед на играта.