Симеоне: Тоа што го прави Зидан во Реал е за восхит

Во пресрет на градското дерби меѓу Реал и Атлетико, Диего Симеоне имаше само пофални зборови за неговиот колега од противничката страна, Зинедин Зидан, за работата што ја врши во Кралскиот клуб.

Симеоне му се востхитува на лутиот ривал кој располага со балансиран тим составен од искусни и млади играчи.

„Дербито ќе биде прекрасен натпревар во кој ќе блескаат врвни фудбалери на двете страни. Реал со години се натпреварува и остварува успех со речиси истиот тим, составен од искусни играчи на кои се додадени млади талентирани фудбалери кои допрва треба да го покажат сиот потенцијал. Работата на Зидан во клубот е за восхит, без разлика што ние сме ривали“, истакна Симеоне.

Дербито на Мадрид е закажано за утре во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести