САД го доби новиот фудбалски шампион (видео)

Колумбус кру е новиот шампион на МЛС лигата по триумфот од 3-0 остварен ноќеска во финалето против Сиетл саундерс. За многумина е изненадување што Колумбус убедливо славеше во битката за титулата, која за нив е втора во клупската историја.

Зеларајан и Етјен по половина час во првото полувреме донесоа двојна предност за Колумбус, а потоа аргентинскиот ас го запиша вториот гол на средбата и пред 1.500 гледачи на стадионот „Мапфре“ ја најави големата прослава.

Колумбус по пауза од 12 години се искачи на фудбалскиот трон во САД, првата титула ја освои во 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести