Пари Сен Жермен загуби на свој терен од Олимпик Лион ос 0:1, но тоа не се најлошите вести за Светците по овој меч. Во финишот на дуелот, Нејмар заработи тешка повреда.
Бразилецот беше во напад кога врз него стартуваше Тијаго Мендеш. Нејмар падна на теренот и со болна гримаса на лицето само потврди дека се работи за потешка повреда. Веднаш влезе и лекарската екипа, а Бразилецот на носилки беше изнесен од теренот.