Лион покажа дека ПСЖ е ранлив и во Франција

Пари Сен Жермен загуби на домашен терен од Олимпик Лион со 0:1 и на тој начин не успеа да се врати на лидерското место во француското првенство. Напаѓачот од Зимбабве, Тино Кадевере, е херојот на гостите постигнувајќи го единствениот гол, доволен за три бода од гостувањето на „Паркот на принцовите“.

Светците се клуб кој во изминативе неколку години доминира во француското првенство, но сезонава веќе има четири порази само во 14 натпревари, па со 28 бода моментно е трет на табелата.

Иако беше со Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Кин и Верати во офанзивниот дел, ПСЖ во текот на целиот меч упати само еден директен удар кон голот на гостите, што е премалку за шампион.

- Оглас -

Најнови вести