Снукерашите со јак сеир за косата на Мбапе, „открија“ како се исфарбал (Фото)

Килијан Мбапе изненади многумина кога се појави со небесносина боја на косата, а на многумина таа боја на косата не им се допадна, па почнаа да бараат одговор на прашањето што ли го инспирирало францускиот фудбалер да ја обои косата во една таква необична боја.

Најкреативен се покажа еден љубител на билјардот и снукерот, кој рече дека Мбапе се обоил со сината креда со која играчите во овие спортови го бојат врвот на стапот за да има подобар контакт со белата топка.

Освен за Мбапе, има многу шеги и за Антоан Гриезман, кој синоќа против Реал Сосиедад со плетенките на косата повеќе личеше на девојка.

- Оглас -

Најнови вести