Шок за домаќинот на ЕП, Норвешка ќе игра во финалето

Норвешка ќе игра против Франција во финалето на женското ракометно првенство, откако во интересен дуел успеа да го победи домаќинот Данска. Норвежанките победија со 27:24, иако на полувремето, Данска имаше водство од 13:10. Домаќинот Данска во дуел за третото место ќе игра против Хрватска.

Како што се очекуваше, полуфиналето меѓу соседите беше неизвесно до последен момент. Домаќинот многу помотивирано го започна мечот и по 15-тина минути игра, имаше предност од 10:6, а на полувреме замина со водство од 13:10. Највисоката предност од четири гола Данска ја имаше и на стартот од вториот дел (14:10), но потоа следуваше „будење“ на Норвешка. Со серија од 4:0, резултатот беше израмнет на 14:14, што беше и најава за пресврт.

Во 50 минута беше 21:21, а потоа следуваше нова фуриозна игра на Норвешка. Со серија од 6:1, Норвешка стигна до 27:22 во 57 минута и тука немаше враќање за домаќинките.

Пред овој меч, во првото полуфинале, Франција без многу проблеми со 30:19 го победи најголемото изненадување на турнирот, селекцијата на Хрватска. 

 

- Оглас -

Најнови вести