Анчелоти: Уште не сме конкуренти за титулата

Евертон во новата сезона тргна сосема солидно, а потоа наиде на проблеми и нареди неколку лоши резултати во англиското првенство. Меѓутоа, Анчелоти повторно воспостави ред, па сега Карамелите по 15 кола, се втори на табелата со четири бода заостаток зад градскиот ривал и актуелен првак Ливерпул.

Во пресрет на дербито против Манчестер сити, Карло Анчелоти вели дека неговата екипа сè уште не може да конкурира за титулата, но дека напредокот е очигледен и планира да продолжи со тоа темпо.

„Не, не сме конкуренти за титулата. Мора да бидеме реални, иако сме среќни што се наоѓаме во ваква позиција. Нашата цел останува да обезбедиме пласман во едно од европски натпреварувања, по можност Лигата на шампионите. Мораме да бидеме свесни дека не сме на исто ниво со другите екипи кои целат да бидат во топ 4, односно да бидат шампиони. Би сакале да бидеме во тоа друштво, дефинитивно можеме да успееме во тоа, но само доколку продолжиме да напредуваме. Направивме доста подобрувања само по една година откако дојдов тука, па можеби во иднина ќе зборуваме за напад на првото место“, истакна Анчелоти.

Дербито Евертон – Манчестер сити ќе се игра на „Гудисон парк“ во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести