Барселона победи со 1:0 на гостувањето кај Уеска во меч од 17-тото коло на шпанската Примера дивисион, а голот за три бода го постигна Френки де Јонг. Победата на Барселона беше очекувана, но тоа што не беше очекувано за овој меч е начинот на кој каталонскиот гигант отпатува на гостувањето.
Уеска е град кој е одалечен на околу 300 километри од Барселона, а на такви патувања Барселона стандардно оди со авион. Сепак, во овој случај челниците на клубот решија да се патува со автобус. Играчите биле збунети кога им било соопштено да се појават во клупската база и да се качат во автобус на патување долго три часа.
Мундо Депортиво сега открива дека одлуката да се патува со автобус, а не со авион е чисто од финансиска причина. Патувајќи со автобус, а не со авион, Барселона успеала да заштеди 30.000 евра, што само потврдува дека Каталонците гледаат на секој можен начин да заштедат во оваа финансиска криза.