На повидок одложување на дуелот Атлетик Билбао – Барселона

Мечот меѓу Атлетик Билбао и Барселона, кој е закажан за утре во 21 часот, би можело да се одложи. Во таборот на каталонскот гигант се забележани два позитивни случаи на корона-вирусот. Се работи за луѓе од стручниот штаб, а денеска сите фудбалери ќе бидат на тестирање. По дознавањето на резултатите, ќе се знае дали ќе постојат услови да се одигра натпреварот во предводениот термин.

Денеска е откажана и прес-конференцијата која традиционално се прави на еден ден пред натпреварот. Наместо тренингот во 11 часот, сите фудбалери ќе бидат во базата да се испитаат на корона-вирусот, а резултатите треба да бидат познати до крајот на денот.

 

- Оглас -

Најнови вести