Уникатен предизвик: Сака пеш да стигне на сите 19 гостувања во Премиер лигата

Скот Кунлиф е 44-годишен навивач на Барнли. Како и многу други, така и тој сака да го гледа својот омилен тим и на гостувањата. Сепак, Скот по едно нешто се разликува од сите останати. На гостувањата оди пешки.

Во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, Барнли имаше седум гостувања, а Скот успеа пешки да стигне на сите седум. Пресметано, тој досега има изодено повеќе од 2.000 километри и направено преку два милиони стапки. Во својот потфат, тој додаде и хуманитарен момент. Тој собира пари кои ќе ги даде во добротворни цели. До овој момент собрал 7.570 евра, донирани од 221 човек.

Во наредното коло Барнли на свој терен игра против Њукасл, што значи дека Скот ќе одмори, но не за долго. По дуелот со Њукасл, следи гостување на Барнли кај Кристал палас, што значи дека навивачот на Барнли ќе треба да помине 330 километри за да стигне до Лондон, односно до стадионот на Кристал Палас.

Засега Скот немаше многу причини за радост на гостувањата. Барнли во седум меча успеа да победи само еднаш, два пати ремизираше и четири пати загуби, а има гол-разлика од 6 дадени и 15 примени гола.

 

- Оглас -

Најнови вести