Роналдо дојде во Јуве и автоматски Реал падна на второто место

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус е со најголема заработка од телевизиските права во Европа во последните пет години. „Старата дама“ од Торино на своето конто добила 406 милиони евра само од ТВ-правата. На второто место е европскиот првак Реал Мадрид со заработка од 360 милиони евра, додека трет е Пари Сен Жермен со 299 милиони евра.

Меѓу 30-те клубови кои во изминативе пет сезони заработиле најмногу од телевизиските права, најмногу клубови има од Англија, дури седум. Од Шпанија и Германија има по четири претставници, додека од Италија и Франција доаѓаат по три клубови.

Ова е дел од листата на клубови со најголема заработувачка од ТВ-правата во последните пет години: Јувентус (406 милиони евра), Реал Мадрид 360, ПСЖ 299, Баерн Минхен 284, Манчестер сити 279, Барселона 277, Атлетико Мадрид 272, Рома 227, Арсенал 219, Челзи 217, Монако 181, Манчестер јунајтед 172, Наполи 171 милиони евра…

 

- Оглас -

Најнови вести