Зидан: Мечот мораше да биде прекинат!

Реал Мадрид претрпе нов кикс, откако на гостувањето во Памплона одигра без голови 0:0 против Осасуна, која се бори за опстанок во Примера дивисион. Кралскиот клуб имаше целосна доминација на теренот, но не успеа да го скрши отпорот на домаќините.

Најголем проблем за фудбалерите на двата тима беше смрзнатиот терен и неможноста да се одигра нормален меч. Тренерот на гостите, Зинедин Зидан вели дека дуелот морало да биде прекинат, затоа што условите за игра биле очајни.

„Направивме се што можевме на теренот. Ова не беше фудбалски меч, тоа е мојот прв впечаток по завршувањето. Едноставно требаше да биде одложен или прекинат мечот. Сега е веќе готово. Може само да жалиме, но дуелот не требаше да се одигра. Се повторувам во изјавите, но тоа е тоа“, рече разочараниот Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести