Несторовски ќе биде стартер во македонскиот дуел во Серија А, Гатузо пак го „заборави“ Елмас

Удинезе најверојатно со Илија Несторовски во нападот од првата минута ќе го нападне Наполи, во дуел од 17. коло на Серија А. Тимот од Удине е без победа во последните пет кола, но доброто за нив е тоа што и гостите се во лоша форма. Наполи освои само четири бода во последните пет меча во Серија А и сега тимот на Џенаро Гатузо е под притисок дека не смее да направи нов кикс.

Гатузо традиционално Елиф Елмас го сместува на клупата за резерви, па дури во второто полувреме може да му даде шанса на нашиот репрезентативец, па можно е да гледаме и македонски дуел на теренот во Удине. Удинезе на свој терен не е убедлив и во седум меча освои само седум бода, додека Наполи има пет победи на седум гостувања сезонава во Серија А.

Традицијата на последните мечеви кои ги играле Удинезе и Наполи вели дека клубот каде што играл и легендарниот Диего Армандо Марадона, е голем фаворит. Наполи победил на осум од последните девет меѓусебни дуели, а еднаш било нерешено. Удинезе последен пат се радувал во април 2016 година, кога на свој терен победил со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести