Вчера се надмудруваа со Мурињо, Бејл, Деле Али…, а денеска се враќаат на работа како наставник, водоинсталатор, ѓубреџија…

Тотенхем се пласираше во следната фаза од ФА купот откако без проблеми со 5:0 го победи осмолигашот Марине, во меч кој влезе во историјата на англискиот фудбал. Неверојатно, 161 позиција беше разликата на двата тима кои играа на малиот стадион во близина на Ливерпул, а Тотенхем не дозволи никакво изненадување.

Жозе Мурињо им го исполни сонот на домашните фудбалери, па на теренот се надмудруваа со играчи како Герет Бејл, Деле Али, Сисоко, Џо Харт… Некои од навивачите кои живеат во непосредна близина на стадиончето не можеа да веруваат дека од прозорот на својот дом може да го гледаат Бејл како игра на тревникот на нивниот локален клуб.

На овој меч, фудбалска Англија се запозна и со хероите на Марине, кои, секако, не се професионални играчи. Капитенот Нил Куминс е учител и денеска се враќа на секојдневните обврски, исто како и неговите соиграчи од нападот, кои работат како водоинсталатор, односно како ѓубреџија. Колку и да е чудно и за неверување, токму тие вчера на теренот ги имаа ѕвездите на англискиот фудбал од Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести