ФА куп-верзија на „ВИП место“: Преку прозор го гледаше Бејл како игра против аматери (фото)

Еден фудбалски фан на социјалните мрежи се пофали дека од прозорот во својот дом го проследи дуелот меѓу седмолигашот Марине против гигантот Тотенхем, во кој Петлите славеа со убедливи 5-0 во рамките од третата рунда во ФА купот.

Вакво „ВИП место“ може да се најде само во најстарото куп-натпреварување на Островот и воопшто во фудбалот. На човекот не му беше верно дека седи покрај својот прозор, а пред него игра Герет Бејл, Велшанецот кој своевремено беше најскап фудбалер на планетата.

- Оглас -

Најнови вести