Му се исполни новогодишната желба на капитенот Ѓоргиев!

Македонскта одбојкарска репрезентација вторпат во низа ќе учествува на Европското првенство, кое оваа година е предвидено да се одржува во Финска, Челшка, Естонија и Полска.

Спартанците во квалификациите двапати триумфираа над селекцијата на Босна и Херцеговина, а вечерва во вториот дуел против Турците славеа со 3-1 во сетови, резултат со кој и двете репрезентации се пласираа на континенталниот собир.

Токму ваков учинок посакуваше капитенот Никола Ѓоргиев, кој на почетокот од 2021 година во интервјуто за Спорт Манија истакна дека исходи какви што оствари Македонија, пласманот на ЕП ќе биде на дофат.

„Нашата шанса ја гледам во двете победи против БиХ, дај Боже тоа да бидат победи од 3-0 или 3-1 кои ќе ни донесат по три бода. Ако освоиме 6 бода против Босанците, против Турција би играле послободно, и би се бореле за барем една победа. Со три победи, 100 проценти сме на ЕП, а можеби и две ќе ни бидат доволни“, кажа Ѓоргиев во интервјуто.

Победите на БиХ ги остваривме со резултати од 3-1 и 3-0, додека против Турција славевме по четири сета.

 

- Оглас -

Најнови вести