Кристално чиста победа на Манчестер сити, Граѓаните дотуркаа до второто место (Видео)

Манчестер сити кристално чисто го декласира Кристал Палас со 4:0 и дотурка до втората позиција во Премиерлигата, а ако победи во заостанатиот меч од првото коло против Атсон Вила на 20. јануари ќе биде и лидер на табелата.

Џон Стоунс блескаше со два гола, а стоперот на Сити за првпат во кариерата успеа да биде двоен стрелец на меч во Премиерлигата.

Прекрасни голови постигнаа и Гундоган и Стерлинг за серија од пет победи по ред на Манчестер сити во Премиерлигата.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1350911202004709380?s=20

Граѓаните сега се втори со 35 бода, два помалку од градскиот ривал Манчестер јунајтед, но имаат убава шанса да бидат и лидери.

Им следи меч на домашен терен против Астон Вила за три дена и тоа зостанат уште од првото коло во англиското првенство. Со победа и на овој меч Сити ќе биде прв со 38 бода, нешто што изгледаше недостижно пред десеттина кола, кога сините беа во долната половина од табелата, но со серија победи успеаја да дојдат пред портите на врвот во Премиерлигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести