Погледнете ја глупоста на Хансен што можеше да ги елиминира Данците (Видео)

Микел Хансен се извлече без сурова казна за неговата репрезентација Данска, иако тој беше казнет со црвен картон и со пенал за Египет во последната секунда од првите продолженија во најдраматичното четвртфинале во историјата на ракометните Мундијали.

Во последната секунда од продолженијата од 10 минути при резултат 34:33 за Данска, Хансен ја имаше топката в раце и чиста победа на неговата репрезентација, но откако беше досуден пасивен напад, ја фрли топката, наместо да ја остави на теренот и да слави победа.

https://twitter.com/PasionHB/status/1354496497308622848?s=20

Во ракометот правилата се неумоливи и во таков случај играчот се исклучува и се суди пенал за противникот, што и беше сторено од судиите по проверката на спорната ситуација.

Хансен доби црвен картон и не играше во последните продолженија од 10 минути, Египет израмни, но Данска се извади некако и благодарение најмногу на феноменалниот голман Никлас Ландин победи на пенали и ќе игра во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести