Пабло Аимар за суперхероите: За децата во Аргентина Марадона беше и Супермен и Спајдермен и Бетмен

Пабло Аимар имаше прекрасна фудбалска кариера, настапуваше за врвни клубови и одигра 52 меча и за Аргентина, а има интересна споредба за суперхероите.

„Децата во светот сакаат да бидат херои како Супермен, Спајдермен и Бетмен, а во Аргентина за сите клинци тоа е Диего Армандо Марадона. Неповторлива легенда што со својата фудбалски магија и харизма привлече милиони Аргентинци да играат фудбал“, вели Аимар.

И Пабло играше на слична позиција во кариерата како Марадона, беше одличен офанзивен играч за врска, а со настапите во Ривер плејт, Валенсија Сарагоса, Бенфика… остави значаен белег во светскиот фудбал.

Во клупската кариера освои 14 трофеи со различни тимови, има пехар во УЕФА купот со Валенсија, играше и финале во Лигата на шампионите со популарните Лилјаци, а за Аргентина има 52 настапи и постигна 8 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести