Полицијата ги изненади српските гиганти Црвена ѕвезда и Партизан со неочекувана акција на нивните стадиони денеска наутро и уапси 17 лица.
Сите вработени кај двата клуба биле исфрлени надвор од просториите додека траела акцијата, а е поврзана со спречување на нелегална активност на криминална организација, во која членувале претежно навивачи на Партизан.
Уапсени се 17 лица, а меѓу нив е и Вељко Беливук, еден од лидерите на навивачка група на Партизан. Тој го замени убиениот Александар Станковиќ како лидер на дел од навивачката група на „црно-белите“.
Интересно е што акцијата почнала на стадионот на Црвена ѕвезда, а потоа полицијата се преселила и во близина на стадионот на Партизан.
Тренинзите на двете екипи денеска се одложени, а ова е еден од обидите на српските власти да ги разбие криминалните групи во двата табори кои ѝ прават многу проблеми на државата од осамостојувањето на Србија.