Лукас Окампос, синоќа не го доигра мечот против Хетафе, откако мораше на носилки да биде изненсен поради стартот што го претрпе. Џене Даконам брутално стартуваше директно на ногата на Окампос, а интересно е што судијата првично воопшто не досуди фаул.
Дури по консултација со ВАР системот, беше потврдено дека се работи за брутален старт и играчот на Хетафе доби црвен картон, а Окампос на носилки беше изнесен надвор од теренот. Аргентинецот со болна гримаса на лицето и солзи во очите знаеше дека се работи за сериозна повреда. При излагање од теренот, Окампос на својот тренер Хулиан Лопатеги му рече: „Тренеру, ми ја уништија ногата“.
https://twitter.com/Aleparrillaok/status/1358216179991654401
Окампос сезонава игра одлично и во 30 меча за Севилја има седум голови и четири асистенции. Сега е сигурно дека тој нема да биде подготвен за двомечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд, како и за неколку средби од домашното првенство.
Севилја без многу проблеми го доби дуелот со Хетафе со 3:0, а прекрасен гол даде Папу Гомес.