Папу Гомес не можеше на подобар начин да се претстави во Шпанија (видео)

Севилја со убедливи 3-0 триумфираше над Хетафе, со тоа што победата на Андалузијците можеше да биде уште поубедлива со оглед на тоа дека им беа поништени два погодоци.

Како и да е, трите гола беа и повеќе од доволни да се освојат бодовите, а дека сигурно ќе останат во Севилја, се погрижи Алехандро Папу Гомес.

Искусниот аргентински офанзивец дебитираше за новата екипа со фанстастичен погодок од 20 и нешто метри. Гомес не можеше на подобар начин да се претстави дека дојде да го разубави атрактивниот фудбал кој се игра во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести