Алушовски: Игравме добро, тажен сум што загубивме

По поразот на Вардар 1961 од ПИК Сегед, тренерот на вардарци, Стевче Алушовски, рече дека имало добри моменти во играта на македонскиот тим, но неколку нереализирани седмерци биле пресудни.

„Најпрво честитки до тимот на Сегед за освоените два бода, кои беа важни и за нас. Им честитам и на моите играчи кои дадоа сè од себе, го одигравме можеби во оваа сезона еден од најдобрите натпревари за нас. Јас сум малку тажен затоа што загубивме, но среќен сум бидејќи навистина одиме во добра насока со тимот. Се трудиме да бидеме фокусирани и подготвени на сите предизвици. Сегед е една извонредна екипа којашто секоја година се бори за фајналфор. Среќен сум поради перформансите такви какви што ги имавме, но во клучните моменти утнавме три пенали, една или две контри, така што овој меч можеше да заврши во наша корист, но што е тука е “, изјави Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести