За Се(гед) има првпат, Вардар 1961 првпат поразен во Скопје од Унгарците

Ракометарите на Вардар 1961 не успеаја да ја задржат предноста која ја имаа во најголем дел од мечот против ПИК Сегед и Унгарците со добар финиш и серија од 5-1 направија пресврт и победија со 28-26. За овој унгарски тим, ова беше прва победа на гостување во Скопје против Вардар.

Црвено-црните останаа со по една победа и едно реми, заедно со пет порази во седумте кола, па останаа последни на табелата во групата А од Лигата на шампионите.

Дибиров и Јотиќ имаа по 6 гола и беа најефикасни во тимот на тренерот Алушовски, Валчак ги следеше со 4 погодоци. За четири дена, вардарци гостуваат кај вечерашнниот противник против кого играа добро и атрактивно, но само во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести