Голден стејт вориорс се врати од 18 поени негатива и го совлада тимот на Орландо меџик со 116:110 за вкупно 15-та победа сезонава. „Воините“ беа предводени од Кевин Дурант, кој постигна личен овосезонски рекорд од 49 поени, а му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл. Имаше помош и од Клеј Томпсон, кој заврши со 29 поени, со 50% реализација од шутот за три поени, 6/12.
Никола Вучевиќ повторно импресионираше под обрачите, но за разлика од мечот против Лејкерс, неговите 30 поени сега не беа доволни за Орландо да запише нов триумф.
Во главниот град свое шоу направи Џејмс Харден. Ѕвездата на Хјустон постигна неверојатни 54 поени и 13 асистенции против Вашингтон визардс, меѓутоа не го спаси својот тим од 10-тиот пораз. „Ракетите“ по продолжението ја загубија средбата со 135:131. Домаќините беа предводени од Џон Вол со 36 поени и 11 асистенции, како и Бреди Бил со 32 поени.
Резултати НБА:
Шарлот хорнетс – Милвоки бакс 110:107
Кливленд кавалирс – Минесота тимбервулвс 95:102
Вашингтон визардс – Хјустон рокитс 135:131
Чикаго булс – Сан Антонио спарс 107:108
Њу Орлеанс пеликанс – Бостон селтикс 107:124
Јута џез – Индијана пејсерс 88:121
Голден стејт вориорс – Орландо меџик 116:110