Спортска прогноза: Нова шанса за освојување на посакуваниот телефон

Спортската прогноза продолжува седми викенд по ред. Имаме нови 12 парови кои можете да ги прогнозирате и да конкурирате за ваучерите од SPORT LIFE обложувалниците, како и главната награда „самсунг галакси А6“.

Седмото коло започнува со дуел од Премиер лигата. Њукасл и Вест хем е првата понуда за типување, а тој меч е еден од трите кои се предвидени за сабота. И во ова коло ќе има дерби-мечеви. Тотенхем одново ќе игра градско дерби, овојпат гостува кај Арсенал, откако минатиот викенд го совлада Челзи со 3-1.

Рома и Интер е средбата која ќе ја одбележи недела, додека седмото коло се затвора во понеделник навечер, со мечот помеѓу Леванте и Атлетик Билбао.

Сѐ уште ја чекаме првата 12-ка. Дали токму овој викенд ќе го добиеме добитникот на главната награда, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести