Менаџерот на Манчестер сити Јосеп Гвардиола имаше само пофални зборови за градскиот ривал Манчестер јунајтед пред големото дерби во Премиер лигата. Оваа сезона, Сити и Јунајтед одиграа два меча на „Олд Трафорд“. Во првенството беше 0:0, а во полуфиналето на Лига купот, гостите победија со 2:0.
„Тие се силни на сите позиции. Го имаат Бруно Фернандеш како плејмејкер, а во офанзивниот ред се Рашфорд, Марсијал, Кавани. Кавани е еден од оние играчи на кои им се восхитувам за тоа што направиле во кариерата. Манчестер јунајтед е клуб кој постојано игра на високо ниво“, вели Гвардиола во анализата пред големото дерби.
Манчестер сити е во неверојатна низа од 21 победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед има 21 дуел без пораз на гостински терен во Премиер лигата, што е одлична најава за возбудливо дерби.