Беше најдобар во победата над ПСЖ во ЛШ, па сега донесе одлука за својата иднина

Џејдон Санчо беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Милионерите“ го добија натпреварот со 1-0, а дури и Винисиус на социјалните мрежи му честиташе на Санчо за одличната игра.

Англискиот репрезентативец како позајмен настапува за Борусија Дортмунд, откако се најде во немилост на тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, кој воопшто не сметаше на неговите услуги. Санчо со одличните игри во Дортмунд беше ангажиран од „црвените ѓаволи“, а сега повторно блеска, но како позајмен фудбалер.

„Санчо не сака да се врати во Манчестер јунајтед. Без разлика дали Тен Хаг ќе остане тренер или не. Манчестер јунајтед се уште нема одлучено колку пари ќе бара за него, но Санчо е среќен во Борусија Дортмунд. Тие ќе се обидат повторно да го позајмат со задолжителен откуп. Разговоротите помеѓу клубовите ќе започнат наскоро.“ – вели англискиот новинар, Патрик Бергер.

- Оглас -

Најнови вести