Познатиот хулиган на холандскиот гигант Ајакс, Мартин ван де Паул, беше убиен на улица во Амстердам и тоа пред очите на неговата малолетна ќерка. Убиството се случило додека Мартин ја водел својата ќерка во училиште. Непознатиот напаѓач му пукал директно во главата на Ван де Паул, а нападнатиот веднаш починал.
Убиениот е познат гулиган и криминалец кој беше и осуден на доживотен затвор поради убиство на четворица луѓе во стриптиз клуб во 2000 година. Подоцна казната му беше смалена на 15 години затвор. Иако неговото полициско досие беше преполно со кривични пријави, Мартин беше еден од главните луѓе на трибините на стадионот на Ајакс.
Хулиганите на Ајакс имаа сериозна репутација и тоа најмногу благодарение токму на групата која полицијата ја нарече „психопатската група која уништува сѐ пред себе“, а чиј водач беше Ван де Паул. Познатиот хулиган од оваа сцена се повлече во 2015 година, но продолжи да оди на стадион, но само како обичен гледач. Мартин имаше 56 години.