Сега е единствен, Ѓоковиќ стана најдолготраен број 1 на сите времиња!

Новак Ѓоковиќ денеска ја почнува 311-тата недела како прворангиран на ранг-листата на АТП на најдобри тенисери и тоа е нов рекорд во машкиот тенис. Роџер Федерер остана на 310. Со ова, Србинот прави чекор кон признанието најдобар тенисер на сите времиња.

Доколку успее да ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал и по бројот на гренслем-титули, а има по две помалку од нив, тешко дека некој ќе има аргументи против тоа дека Новак е најдобар и најкомплетен во историјата.

Ѓоковиќ на тронот на АТП првпат се искачи на 4 јули 2011 година, кога имаше 24 години и 43 дена. Тој го држи рекордот и од 122 недели по ред како „светски рекет број 1“. Во моментов, тој е убедливо прв, а на чело е од 3 февруари минатата година. Уште најмалку шест недели тој загарантирано ќе биде прв.

Следен турнир на кој Ѓоковиќ треба да настапи е овој од 24 март во Мајами, а доколку откаже, би требало да се појави во Монте Карло на 11 април.

- Оглас -

Најнови вести