Денот кога Коби Брајант докажа дека од ништо не се плаши во кошарката (Видео)

Пред нешто повеќе од една година се случи една од најголемите трагедии во НБА кошарката, кога Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа. Брајант ќе се памти како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња кој цели 20 години ги воодушевуваше сите љубители на кошарката.

Во периодот од 1996 до 2016 година, Коби освои пет титули во НБА, два пати беше избран за најкорисен играч во НБА финалињата, еднаш за најкорисен во регуларниот дел од сезоната, четири пати беше МВП на Ол-стар натпреварите на кои учествуваше дури 18 сезони. Уште многу титули и рекорди има зад името на Брајант, кој беше познат како голем борец кој никогаш на теренот не се предаваше.

За тоа дека никогаш од ништо не се плашеше додека беше на теренот, Коби потврди и на еден дуел против Орландо и неговиот дуел против Мет Барнс. Во еден нивни дуел, двајцата кошаркари најпрво добија техничка грешка, а потоа продолжи провокацијата меѓу двајцата играчи.

Кулминацијата на провокациите беше кога Барнс требаше да изведе една топка од аут, а Брајант беше пред него. Играчот на Орландо замавна со баскетот и тоа директно кон лицето на Коби. Топката беше на само неколку сантиметри од лицето на Брајант, но Коби не ни трепна и воопшто не се уплаши од оваа закана.

Овој меч се играше пред точно 11 години.

 

- Оглас -

Најнови вести